Реакција

АА: Инцидентот го испровоцира Адеми со навредите кон Снопче и го удри Азири

По денешниот инцидент во собраниската Комисија за европски прашања пратеници од Алијанса за Албанците одржаа прес-конференција и кажаа дека инцидентот не го предизвикала опозицијата, туку претседателот на комисијата Арбер Адеми со своето однесување и конкретно со навредите кон нивниот пратеник Халил Снопче.

„Криминалот, корупцијата, уличарството и нивните сценарија се манифестираа со вандалски и насилнички акти каде со или без намера беше погоден и пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири. Срамното сценарио започна со обидот за продолжување на мандатот на судиите на власта. Адеми и лично го навреди пратеникот Снопче, кој побара да се произнесе процедурално. Адеми не му дозволуваше, а ние пратениците од Алијанса за Албацните излеговме пред говорницата за го одбраниме нашето право. И тогаш се случи насилството и вандализмот на координатор на ДУИ. Ова не е прв пат да прават вакви сценацијра во обидот да го сокријат криминалот. Сите мора да го осудиме овој вандалски чин и вандалите да се најдат пред лицето на правдата“, изјави Илире Даути, координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе