72,8 отсто од Македонците се против францускиот предлог, вели анкета на ИПИС

Во истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на прашањето „дали би прифатиле почеток на преговори со ЕУ по цена Македонија да се согласи со т.н. француски предлог“, 72.8 отсто од етничките Македонци опфатени со анкетата одговориле со „не“. И мнозинство од анкетираните граѓани, без оглед на етничката припадност се против, односно со „не“ се изјасниле 56 проценти од анкетираните. Анкетата е спроведена од 4-ти до 6-ти овој месец, на база на телефонско јавување, а контактирани биле 1.114 полнолетни граѓани.

Петнаесетина проценти од Македонците би се согласиле на почеток на преговорите со ЕУ врз база на овој предлог, а близу 30 проценти од вкупно анкетираните би кажале „да“ за ваков почеток на преговорите.

Граѓаните Македонци се сомневаат дека има разлика меѓу претходниот и „модификуваниот“ француски предлог, па така 62,8 проценти велат дека станува збор за истиот предлог.

Во однос на повеќеетничката структура, 48,2 отсто од граѓаните се согласуваат дека е предлогот е ист, односно дека има козметички измени.

Протестите за отфрлање на францускиот предлог го поддржуваат мнозинството Македонци, но и мнозинството од вкупно анкетираните граѓани.

Од Институтот велат дека испитаниците се избрани по случаен избор, но дека е запазена демографската, половата и друга структура битни за непристрасни истражвањана јавното мислење. 

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе