Според Мицкоски, изминатите денови во јавноста дел од партиските соработници на премиерот излегле со договорот за набавка на нафта потпишан од ЈСП, и на тој начин, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Излегоа против нивниот партиски другар,член на раководството на СДСМ, кој што е директор на ЈСП.
„За волја на вистината погрешно го цитираат членот 3 и велат дека има фиксна цена, што не е точно. Ако го прочитате подолу, бидејќи не го читаат до крај или ги мрзи или пак сакаат да спинуваат, во договорот ќе видите дека цената која ја плаќа ЈСП ја плаќа врз основа на утврдената малопродажна цена на Регулаторна комисија и таа се нивелира од ден за ден. Но, точно е тоа дека има фиксна цена. Но што не содржи овој договор? Овој договор не содржи рабат или попуст кој што го содржале сите договори на сите минати раководства, дури и во времето на Петре Шилегов, и во времето на Коце Трајановски. А тој рабат е 6 денари за еден литар“, рече Мицкоскодговарајќи на новинарски прашања во врска со проблемите во јавниот превоз.
Мицкоски вели дека премиерот Ковачевски и градоначалничката Арсовска имаат тајни средби и дека ако сакаат да го решат проблемот можат врз база и на ова негово тврдење.
Но додаде, овие пари завршуваат кај лица блиски до дуото Ковачевски и Арсовска, роднини, соработници во делот на сметководството кои што секојдневно се наоѓаат во ЈСП и кажуваат кои фактури да се платат, а кои да не се платат.
„Ако овие 6 денара беа дел од овој договор, еве ги парите и ќе бевме ние сите скопјани заштитени од ова што денес ни се случува“., рече Мицкоски.
„Договорот кој што е потпишан е двегодишен годишен и вклучува 14,5 милиони литри, тоа значат рабат од 1,5 милион евра, еве ги парите само не треба да се крадат и да се местат тендери за резервни делови за семејството, треба да се вратат кај луѓето“, дециден е Мицкоски.