14 февруари историски ден за еколозите

Грција конечно го ратификуваше договорот од 2000 година за Преспа парк

Невладините организации од областа на животната средина ги повикуваат трите земји и Европската Унија да побрзаат со воспоставувањето на прекуграничниот Преспа парк.

Парламентот на Грција пред три дена го ратификуваше Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа. Договорот беше потпишан на 2 февруари 2010 година од страна на министрите за животна средина на трите земји и комесарот за животната средина на ЕУ, но Грција го одложуваше ратификувањето во последниве 7 години. Договорот е подготвен да стапи во сила и да се спроведе. Еколозите ова веќе го оквалификуваа како историски ден за грчката политика во областа на животната средина и одржливиот развој.

„Овој развој е клучен момент за Грција бидејќи оваа земја за првпат оди напред кон официјално воспоставување систем за постојана соработка во прекуграничната област, која има статус на заштита поради својата извонредна биолошка разновидност. Овој случај со Преспа претставува надминување на економската слабост и целокупната несигурност на Грција, и смело градење на иднината на регионот, кој е мал по обем и население, но особено битен. Учеството на ЕУ како одговорна страна за Договорот за Преспа потврдува колку е важен регионот од аспект на заштита на животната средина, од геополитичка и културна гледна точка“, соопштија пет еколошки друштва од регионот, Македонското еколошко друштво, Еуронатур, КОРА, ППНЕА и СПП.

За еколозите спроведувањето на спогодбата од 2010 година дефинитивно ќе биде пресвртница и за Југоисточна Европа.

„Во 2000-та, Декларацијата за воспоставување на прекуграничен Преспа парк пренесе порака за мир и соработка меѓу народите во регионот, набргу по периодот на големи немири и војни во 90-тите години. Во денешниот свет на несигурност, интровертност и нови национализми, спроведувањето на меѓународниот договор за паркот Преспа повторно добива една оптимистичка симболика, негување пријателство и мирен соживот за одржлив просперитет на локалните општества, врз основа на заштитата на животната средина.

Уште еднаш се потврдува дека заштитата на животната средина не претставува ограничување, туку можност и начин за одржлив развој; исто така, потврдува дека патот кон напред не е изолација и непријателство, туку премостување на разликите и меѓусебна соработка за доброто на сите“, соопштија еколошките организации.

Фондацијата Еуронатур, како претседател на Европската асоцијација за зелениот појас, му честита на грчкиот Парламент за донесувањето на оваа важна одлука и ги повикува трите крајбрежни земји што го делат Преспа паркот на навремено спроведување на договорот.

За овие 5 еколошки организации овој ден е почеток на една нова, позрела фаза во прекуграничната соработка во Преспанскиот басен, чија главна карактеристика ќе биде воспоставувањето нови официјални, заеднички институции што ќе работат заедно со државните органи, органите на локалната самоуправа, заштитените подрачја и еколошките невладини организации, односно сите значајни чинители што веруваат во ефикасноста на овој модел на локално и прекугранично управување.

Паркот Преспа беше формиран во 2000 година, со заедничка Декларација на премиерите на трите држави. Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа беше потпишан на 2 февруари 2010 година од страна на трите земји што го делат уникатниот екосистем на Преспанско Езеро и комесарот на ЕУ за животна средина. Ова всушност е еден од најзначајните договори за сеопфатна заштита на сливот на басенот и подрачјето Рамсар во Југоисточна Европа, заради зачувување на природната средина и одржлив развој на регионот преку траен механизам за прекугранична соработка.

ПреспаНет е мрежата на еколошки невладини организации, основана во февруари 2013 година и се состои од: МЕД (Македонско еколошко друштво) со седиште во Скопје; СПП (Здружение за заштита на Преспа) со седиште во Герман, Преспа, и ППНЕА (Заштита и зачувување на природната средина на Албанија) со седиште во Тирана.

Европскиот зелен појас се протега на повеќе од 12.500 км, како коридор богат со извонредна биолошка разновидност, по должината на поранешната граница меѓу Истокот и Западот, од Баренцово до Црно Море. Моментално е најамбициозната иницијатива за заштита на природата во Европа, која има намера да ја трансформира поранешната Железна завеса во линија на животот и на тој начин прави значителен придонес кон зачувувањето на зелената инфраструктура на нашиот континент. Зелениот појас поврзува осум биогеографски региони и 24 држави и се протега низ четири дела на Европа.

Од 2011 година, Еуронатур (како регионален координатор за Балканскиот зелен појас) и BUND (како регионален координатор за Централниот Европски зелен појас), управуваат со иницијативата во соработка со меѓународна група за координација. Во 2014 година, беше основана „Европската асоцијација за зелениот појас“, што ја претставува Европската иницијатива за зелениот појас. Владини и невладини чинители исто така се вклучени во работата во асоцијацијата.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе