ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ТАЛАТ ЏАФЕРИ

Полицијата вечерва апси низ скопски Аеродром (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Попладневните протести пред зградата на Владата поради назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана ескалираа во улично насилство, инциденти, демолирани возила, а има и повредени граѓани и полицајци.

 

Откако насобраните граѓани, претежно помлади лица, почнаа да фрлаат камења кон зградата на Владата, следуваше брза полициска интервенција за разбивање на групата. Полицијата ја потисна масата и со интервенција ја натера да се повлекува.

Повеќето од насобраните млади граѓани оттука се упатија кон Камени мост, обидувајќи се да преминат од другата страна на Вардар, но и тука беа спречени од полицијата. Сепак, тие успеаја да нападнат и да истепаат неколку случајни минувачи од албанска националност. На ова полицијата одговори со жестока интервенција, примена на сила и приведе неколку лица.

Тука групата што протестираше беше целосно разбиена, а најголем дел од лицата почнаа да бегаат и да се движат кон скопската населба Аеродром. Како што дознаваме, во моментов во таа населба се одвива голема полициска акција за приведување на другите учесници на денешните протести против Талат Џафери за министер за одбрана.

Од полицијата ги потврдуваат информациите.

„На денешните протести пред владата се собра поголема група млади лица. Тие почнаа да се однесуваат насилно и да фрлаат камења кон зградата на владата и кон полицајците. Неколку полицајци се пожалија дека биле погодени со камења. Групата била потисната и почнала да се повлекува, но при тоа продолжила со насилно однесување. Оштетени се неколку полициски возила, но и приватни возила. Групата фрлала камења и кон автобуси на ЈСП. Досега се приведени неколкумина, но тече акција за пронаоѓање и на останатите учесници во протестите што биле регистрирани од полицијата дека се однесуваат насилно“ ;изјави Иво Котевски, заменик - министер задолжен за односи со јавност.

Слични протести пред зградата на Владата имаше во мај минатата година, кога илјадници граѓани од албанска националност се собраа во знак на револт поради полициските апсења по убиството на петте Македонци кај Железарско Езеро. Тогаш не само што фрчеа камења кон полициските кордони, туку протестантите и корнеа асфалт и ги маваа полицајците. Тогаш летаа дури и делови од камени блокови кон полициските штитови. Полицијата тогаш не само што без да мрдне се бранеше од камената канонада и воопшто не интервенираше, туку не уапси ниту едно од лицата што беа инволвирани во насилствата. 

 

 

Е.З.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе