Според известувањето од ИРД Инженеринг (IRD ENGINEERING) од денес (29 април) ќе започнат градежни работи на мостот A1-41L (мост над реката Пчиња во Катланово), на автопатот А1 (Е75), делница Велес -Катланово, на стационажа 43 + 151, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по мостот. Сообраќајот ќе се одвива по една лента, регулирано со ново поставена сигнализација. Планирано е работите на овој мост да траат околу 4 месеци, велат од АМСМ.
Оттаму потсетуваат дека поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е сѐ уште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.