Заев до Алтхаузер: Потребна е нова силна реформска влада, која ќе води реална политика

Потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и формирање нова, силна, посветена влада кон реформските приоритети била тема на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер.

„Мнозинството граѓани на Македонија дадоа поддршка за демократска Македонија наспроти режим. Режимот е срушен со пенкало и глас. Исто така, силна поддршка од граѓаните доби концептот на заедништво за којшто се определи СДСМ, наспроти концептот на поделби на досегашната власт. На тоа сме многу горди и сето ова е силен ветар во грб за добрата иднина на Македонија. Граѓаните избраа промени. Сега очекуваат квалитетен живот и развој на државата“, изјавил Заев.

На средбата, како што соопшти СДСМ, се зборувало за клучни препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе, посебно за потребата од реформа на судскиот систем, според најдобрите практики во регионот и светот, како и околу потребата СЈО целосно да ја заврши својата работа, со цел да се обезбеди функционирање на правдата и правната држава во земјава.

Заев оценил дека во Македонија е завршено времето на политичари кои владеат со провокации и реторика на конфликт и навреди кон домашната и меѓународната јавност, како и дека доаѓа време на реална политика во Македонија исклучиво во интерес на граѓаните и на евроатлантските перспективи.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе