ВМРО-НП: Тендерот за изградба на факултетите за информатика и за физичка култура е наместен

Нетранспарентна и незаконски беше спроведена тендерска постапка при избор на изведувач за изградба на објекти во кои ќе бидат сместени Факултетот за информатика и Факултетот за физичка култура при УКИМ на Министерството за образование, соопшти ВМРО-НП.

„Фирмата што понудила најдобри услови и најниска цена, незаконски била предвреме елиминирана со образложение кое целосно е спротивно со одредбите од Законот за јавни набавки. Сето ова е направено со цел, да се спречи учеството на лицитацијата и заради најповолно понудени услови да не го попречи изборот на однапред утврдениот победник на тендерот“. ВМРО-Народна партија укажува дека се пробиени сите законски рокови за обврската на спроведувачот на тендерот да ги извести понудувачите и јавноста, која фирма е избрана за изведувач, под кои услови и што е најважно, по која цена ќе се градат објектите.

„Изградбата на факултети претставува општ јавен интерес на граѓаните на Република Македонија и тие имаат право да знаат кој, како и во колкава мера ги троши нивните пари“.

ВМРО-Народна партија е зачудена што ваквата нетранспарентна пракса при спроведувањето на тендерските постапки продолжува од страна на владеачката структура, кога се знае дека во изминатиов период реакциите од јавноста и од меѓународната заедница беа жестоко критички насочени токму за нетранспарентно спроведување на тендерите. Исто така, беше посочено дека пристрасното одлучување е жариште кое отвора простор за понатамошни коруптивни дејствија, со кое се загрозува правниот систем во државата, соопшти ВМРО-Народна партија

Објавено на

27 Август 2015 - 12:57

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе