ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен и има патолошка потреба за власт

Коалиционите партнери на Заев од Алијанса за Албанците кои како мираз му ја носат тиранската платформа вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Поголема потврда од тоа дека од Алијанса за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од тиранската платформа со СДС, а не за некакoв „граѓански концепт“ кој Заев ни го продава, НЕМА.

Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт. Заев во власта гледа единствена надеж за спас и амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС.

Заев не излезе и не го осуди својот иден коалиционен партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да го осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати.

Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на тиранската платформа. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи Влада“, се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата.

„Граѓаните се гневни и со право се чувствуваат изиграни од Заев кој им приреди постизборен инжинеринг“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе