РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ за соопштението од Москва: Не сме среќни што државата се става во контекст на меѓусебното ривалство на големите сили

ВМРО-ДПМНЕ не е среќна што Република Македонија се става во контекст на меѓусебното ривалство на големите сили. Нашата стратешка цел продолжува да биде членството во Европската Uнија и НАТО. Секој чекор со кој што може да се помогне во остварувањето на таа цел е добродојден и значаен“, изјави Иво Котевски, директор на прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го соопштението на руското МНР.

Во соопштението од пред два дена на Министерството за надворешни работи на Русија се вели дека под псевдодемократски слогани продолжува длабокото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија. „Целта е очигледна, западот да расчисти со македонските политичари што не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети“, пишува во соопштението.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе