„Веќе на сите им е јасно дека СДСМ е Сорос, а Сорос е СДСМ. Народот ги прочита вандалите кои под диригентска палка на СДСМ/СОРОС палеа, ограбуваа и сквернавеа низ Скопје и затоа ги казни на последните избори. СДСМ/СОРОС поради поразот кој го доживеаја од народот, сега ѝ се одмаздуваат на Македонија со прифаќање на тиранската платформа.
СДСМ/Сорос поради поразот кој го доживеаја, сега и се одмаздуваат на Македонија и со разни нарачани извештаи на невладини организации финансирани токму од Сорос. Овие лажни извештаи на криминогеното раководство на СДСМ/Сорос не минуваат. Само СДСМ/Сорос си веруваат во тоа што си го напишале“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.