РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ за извештајот на Фридом хаус: СДСМ/Сорос се одмаздува со нарачани извештаи

СДСМ/Сорос може да се потпираат на нарачаните извештаи од соросовата испостава Фридом хаус, а ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се потпира на волјата на народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на извештајот на Фридом хаус.

„Веќе на сите им е јасно дека СДСМ е Сорос, а Сорос е СДСМ. Народот ги прочита вандалите кои под диригентска палка на СДСМ/СОРОС палеа, ограбуваа и сквернавеа низ Скопје и затоа ги казни на последните избори. СДСМ/СОРОС поради поразот кој го доживеаја од народот, сега ѝ се одмаздуваат на Македонија со прифаќање на тиранската платформа.

СДСМ/Сорос поради поразот кој го доживеаја, сега и се одмаздуваат на Македонија и со разни нарачани извештаи на невладини организации финансирани токму од Сорос. Овие лажни извештаи на криминогеното раководство на СДСМ/Сорос не минуваат. Само СДСМ/Сорос си веруваат во тоа што си го напишале“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе