РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Снимките потврдуваат дека немало криминал во Скопје 2014

Објавените разговори за проектот Скопје 2014 потврдуваат дека немало никаков криминал, туку оти има залагање за реализација на проекти што се од интерес на граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната конференција за медиуми на СДСМ.

„Би сакале да ти заблагодариме и што потсетуваш и ни ги промовираш проектите, новите над 300 автобуси со кои дневно се возат повеќе од 110.000 граѓани, новиот Аква парк, планот за изградба на модерен Луна парк, новите објекти кои се изградени за институциите да имаат седишта како секаде во светот и да не плаќаат скапи кирии како потстанари, што ти и со твоите монтирани материјали покажуваш дека сме луѓе кои се залагаат да се направат работи за да го подобрат животот на граѓаните и сме фокусирани да ги исполниме ветувањата кои сме ги дале пред народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи му се директно на претседателот на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека покрај денеска споменатите проекти се изградени и 70-тина училишта и околу 350 се реновирани, набавена е модерната медицинска опрема, а инвестирано е и во инфраструктурата и отворени се над 130 илјади работни места. 

Објавено на

29 Мај 2015 - 22:41

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе