ВМРО-ДПМНЕ: Монтирана бомба на СДСМ во Куманово за да го прикрие скандалот на Заев

Денес СДСМ набрзина стуткал, монтирал, и прилепил снимки за својата прес конференција во Куманово, со цел да го прикрие скандалот што Зоран Заев го направи со вчерашната прес конфереција во Скопје, кога издаде државна тајна за донацијата во опрема за специјалната единица во МВР, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната конференција за медиумите на СДСМ во Куманово.

 

„Денес улогата на спасител на Зоран Заев му падна на Мартин Костовски, кумашинот на градоначалникот од СДСМ, Зоран Дамјановски. Токму Костовски и Дамјановски се предводниците во екипата на СДСМ во Куманово кои градот го претворија во свој личен посед. Оваа екипа на јавноста и е позната по долговите кои ги направија во општината и јавните претпријатија, по ручеците од 100.000 евра од еден човек, по нерелизираните ветувања за градски базен, нови градинки, улици, нови инвестиции и вработувања, по скандалозните пијанки и тепачки низ градот, по тендерот од 400 илјади евра кој го доделија на фирмата на нивниот сопартиец Дамјан Манчевски и по редица други афери и скандали. Токму Костовски и Дамјановски Циц немаат ниту кредибилитет ниту образ да говорат за избори, кога тие на сила добија нелегитимен мандат во општина Куманово. Впрочем тие изборите ги добија со притисоци, со класичен поткуп на граѓани и најважно од се со непринципиелно договарање со структури на кои потоа им беше дозволено да прават се во општина Куманово, а спротивно на интерсите на граѓаните. Сите граѓани на Куманово знаат како Дамјановски и екипата го добија мандатот и како раководат со општината. Граѓаните никојпат нема да му простат како непринципиелно ја продадоа општината и нивните интереси. Ете ова се лицата кои денес излегоа да го вадат Заев од скандалот кој го направи. Ова е нивниот кредибилитет и нивниот багаж. Очигледно Заев ги бира своите соработници по својот лик, кој од кој позаглавен во криминали и афери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

02 Април 2015 - 20:00

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе