ВМРО-ДПМНЕ: Груевски има одврзани раце за формирање на нова влада

Неопходно е составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ по денешната седница на Извршниот комитет на партијата.

Централна тема на седницата беше претстојниот процес на формирање влада.

„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија освоија најголем број на гласовите од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата РЕАЛНО и проектите предвидени во неа.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде полн легитимитет на претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси. Во анализата на изборните резултати, беше заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија чие раководство функционира според мафијашки принципи. Беше посочено дека е потребна политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе