СНС одржа два конгреса, во Бањани е избран Милетиќ, во Куманово Величковиќ

Српската напредна странка викендов одржа два конгреса – вчера во Бањани, денеска во Куманово. Во Бањани за претседател на партијата е повторно избран пратеникот Драгиша Милетиќ. Во Куманово СНС го доби новиот претседател Ване Величковиќ.

Ване Величковиќ

Драгиша Милетиќ уште вчера, за време на состаноците за подготовка на конгресот предупредил на можни „нелегални дејства на поединци кои биле под влијание на СДСМ“.

Величковиќ денеска изјавил дека му е чест што партијата покажа дека има внатрешната сила да избере вистинско претседателство, кое што доликува и да ја запре досегашната политика.
„Ниту еден Србин, симпатизер,ниту член на партијата во иднина нема да се срами од јавен настап на претседателот или кое било раководство од партијата. Што не беше случај во претходниот период кога моравме да ја менуваме програмата или да ги прикриеме очите кога нашиот претседател ќе се појавеше на телевизија. Можам да ветам и дека заедно со раководството ќе создадеме единство, ќе ја зајакнеме партијата и ќе ве водиме во нови победи, но и да заземеме значајно место на политичката сцена во Македонија“, рече Величковиќ по неговиот избор.

Милетиќ вели дека поранешни партиски членови сакаат да му направат пуч во партијата. Тој тврди дека вчера во скопското село Бањани одржале конгрес и дека тој бил реизбран повторно да ја води партијата. Тој предупреди и на можна судска разврска на ова двовластие.

„Главните проблеми ги прават натрапници и луѓе кои воопшто никогаш не биле членови на партијата“, рече Милетиќ. 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе