Села: Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик се неприфатливи

Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста, се неприфатливи за Зијадин Села. Претседателот на Движењето за реформи на ДПА не сакаше да открие за какви предлози станува збор, додавајќи дека неговата партија останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик.

„Стоиме на ставот дека нема да очекуваме некој да си игра со нашиот јазик, да се зема постоечкиот закон и да се менуваат членовите. Треба закон кој ќе биде во склад со Уставот. Бидејќи Уставот дозволува употреба на албанскиот јазик во сите институции на државата, ние ќе предложиме закон што ќе го официјализира албанскиот јазик во сите институции на државата. Јас не знам кој предлагал и што предлагал, но тие предлози кои се слушаат во јавноста, за нас се неприфатливи“, изјави Села доцна попладнево, пред да започне Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА.

На состанокот на претседателството вечерва, како што рече Села, ќе се информираат членовите за преговорите за состав на новата влада, и за средбата која Алијансата за Албанците ја имаше  со потпретседателите на ДУИ. Ќе се разговара и за организирање на партијата во пресрет на локалните избори, jaви Мета.

Утре, како што рече Села, на иницијатива на Алијансата за Албанците, ќе се одржи заедничка средба на политичките партии на Албанците, на која ќе се разгледаат сите опции околу можноста за формирање на новата влада.  Средбата ќе се одржи утре од 13 часот во хотел Арка во Скопје.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе