СДСМ реагираат: Нови работни места ќе отвори новата влада!

„Ќе има нови вработувања во Македонија и шанси за нови бизниси но нив ќе ги реализира новата одговорна Влада за којашто гласаа граѓаните на предвремените избори", соопштија од СДСМ како реакција на денешната објава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во која најави усвојување на нов оперативен план и вработување на 15.000 млади лица.

Од СДСМ соопштија дека според нив граѓаните очекуваат реални политики и затоа ја подржале програмата на СДСМ, која предвидува зголемена поддршка на малите и средни претпријатија од 200.000 евра на 20 милиони евра годишно, бесплатен деловен простор за нови компании во старт ап центри, отворање фирма со 1 евро основачки капитал, поволни кредити до 15.000 евра за микробизниси со само 1 процент камата.

„Граѓаните ги видоа ефектите од “оперативните планови“ на Никола Груевски и неговиот дил ориентед партнер Владимир Пешевски и не сакаат такви планови.Со тие “оперативни планови“ криминалната власт изнесе на свои сметки над 5 милијарди евра пари на граѓаните. А оставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија. И иселија над 626.312 граѓани надвор од Македонија. Друга непожелна “оперативна мерка“ е масовната операција на бришење невработени од Агенцијата за вработување“, реагираа од СДСМ.

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе