СДСМ Охрид: ВМРО-ДПМНЕ ветува марина по четври пат, а патиштата кон Охрид се непроодни

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид без никаков срам уште еднаш ги излажаа охриѓани, проектите што ги ветуваа во 2013 и во 2014 година, повторно ги ветија и вчера, реагира општинската организација на СДСМ на ветувањето од ВМРО-ДПМНЕ за ново пристаниште и експресен пат Охрид-Пештани.

„Власта во заминување ја ветува изградбата на марина по четврти пат - ветувањето е исто, само локацијата се менува. И експресниот пат Охрид - Пештани се ветува цели 3 години, но неговата изградба никако не започнува. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид не им ја кажаа болната вистина на охриѓани  дека со таквите проекти сериозно се загрозува нашето природно наследство - Студенчишкото блато и Галичица. Затоа меѓународните финансиски институции одбиваат да ги финансираат ваквите штетни проекти на корумпираната власт, а Охрид годинава ќе се најде на листата на загрозени подрачја што се под заштита на УНЕСКО. Подобро ќе беше пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид да ѝ објаснат да охридската јавност зошто цели 4 години не е реализирана ниту една од ветените капитални инвестици“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Од партијата прашуваат зошто Општата болница во Охрид е со блокирана сметка во финансиска дупка од над 2,5 милиони евра и зошто сите приодни магистрални и регионални патишта кон Охрид останаа непроодни и неисчистени од снегот кога за чистење на снегот секоја година на три фирми им се даваат 1,5 милиони евра народни пари.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш се стреми кон повисоки провизии од „дил ориентид“ тендерите и кон осиромашување и лажење на сопствениот народ“, додава СДСМ. 

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе