ПО ДОБИВАЊЕТО НА УВЕРЕНИЕТО

СДСМ не го признава Иванов за претседател

Ѓорге Иванов е избран на функцијата претседател на Република Македонија, на криминални, нефер и недемократски избори, соопшти денеска СДСМ.

„Од тие причини, СДСМ не го признава Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија. Уверението што денеска го доби Иванов од член на ДИК, во отсуство на дел од членовите во највисокото изборно тело и на претседателот на ДИК, е парче хартија, што не ја одразува волјата на сите граѓани на Република Македонија“, соопшти СДСМ.

Објавено на

02 Мај 2014 - 15:43

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе