СДСМ најавува дека ќе го намалат бројот на предмети во училиштата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најавува дека ќе ги ослободат учениците во основните и средите училишта од оптовареноста со наставни содржини, бидејќи сега учениците, па и наставниците се преоптоварени со обемен фонд на училишни часови.

„Учениците нема како што е сега, по седум, осум часа да седат во училишните клупи и сепак да не ги добиваат потребните квалитетни знаења поради натрупаните наставни програми. Ќе го намалиме и бројот на ученици во паралелка, од просекот на сегашните 34, на паралелки со просечен број од 25 ученици, со цел да обезбедиме квалитетно образование.

Квалитетот на образованието ќе го обезбедиме со награди, а не со казни“, соопшти СДСМ.

Од партијата уште додаваат дека на првата владина седница ќе го укинат екстерното тестирање кое што служи само за притисок врз наставниците и создава стрес, вознемиреност и незадоволство кај учениците и нивните родители, а нема никакви позитивни резултати во подобрување на образовниот процес.

„За да ги ослободиме децата од притисок по оценки во првите години од школувањето, оценувањето од 1 до 5 одделение ќе биде само описно“, се наведува во соопштението.

Квалитетно државно образование, како што велат од партијата, е еден од нивните клучни приоритети, па затоа уште во првите шест месеци од мандатот ќе организираат јавна расправа и серија дебати со стручната јавност, вработените во образованите институции и граѓанскиот сектор за функционална промена на концептот на образование, преку примена на успешен образовен европски модел.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе