Обраќање на Никола Груевски

„Победи Македонија со организирањето на уште едни фер и демократски избори“

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ досега освои 25 градоначалнички места, а води во трката за градоначалник во други 30 општини.

Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ добија огромна доверба од граѓаните на Република Македонија, поголема дури и од нашите очекувања, ова е огромна доверба за нас, ама и голема одговорност, изјави на полноќното обраќање Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски оцени дека ова е уште една победа на Македонија на патот кон евроатлантските интеграции, уште еден положен тест и поен плус на патот кон ЕУ.

„Народот препозна партија што создава дела. Оваа доверба на нашите граѓани дојде по тешки години на криза и се виде дека граѓаните препознаваат дека оваа политичка гарнитура е поквалитетна од политичката гарнитура на СДСМ. Понудени два сосема различни концепти, концепт што работи во две смени, кој создава конкретни дела, според конкретна програма и рокови. Ова е концепт што донесе многу за поквалитетно земјоделство, образование, концепт во одбрана на државните и националните интереси, силна борба против корупцијата и криминалот, тоа е концепт за посилно здравство, концепт со конкретни проекти и дела, кој во овие тешки услови отвораше и нови работни места. Вториот концепт е на СДСМ, без дела и без натпревар, без доверба кај граѓаните, концепт на непринципиелна политика и манипулации. Затоа победија делата, победи ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Груевски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија во првиот круг победи во најмалку 25 општини во Република Македонија - Кисела Вода, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Новаци, Петровец, Илинден, Демир Капија, Македонски Брод, Македонска Каменица, Виница, Пехчево, Радовиш, Валандово, Конче, Сопиште, Крушево, Росоман, Босилево, Градско, Ново Село...

Партискиот штаб соопштува дека ВМРО-ДПМНЕ води во други 32 општини, за кои ќе има и втор круг – Скопје, каде што односот е 2:1, Гази Баба, Аеродром, Штип, Битола, Кочани, Куманово, Ѓорче Петров, Кавадарци, Пробиштип, Свети Николе, Крива Паланка, Неготино, Делчево, Берово, Бутел, Чучер Сандево, Ресен, Лозово, Вевчани, Долнени, Чешиново, Облешево, Брвеница.

СДСМ води во Велес, Ранковце, Богданци, Струмица и Центар.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е седма изборна победа на партијата од локалните избори во 2005 година.

Пред точно 72 години, во Долно Јаболчиште се случи нешто кое драстично го смени текот на партизанското делување на овие простори, како и текот на македонско-албанската комуникација, соработка и коегзистинеција.

повеќе

Дипломатијата е значајна служба на секоја одговорна земја. Во нашиов случај, кога сме меѓународно оспорени, МНР мора да биде најфорсирана институција.

повеќе

Проблемот е познат и добро простудиран од други аналитичари. Според некои изгубениот идентитет на СДСМ е основен, според други понудата на оваа партија не е доволна, според трети проблемот е во делувањето...

повеќе