ПОЧНАА СРЕДБИТЕ

Откако ги ислуша Ахмети и Тачи, Хан на одвоени разговори со Груевски и Заев

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во претпладневните часови во ЕУ Инфо центарот имаше средба со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Моментално Хан се наоѓа во Пржино каде се најавени одделни разговори со првите луѓе на двете најголеми политички партии - Никола Груевски и Зоран Заев, а потоа од 17 часот сите лидери ќе седнат на заедничка маса. 

Откако излезе од ЕУ Инфо центарот, еврокомесарот Хан беше пречекан и испратен накај Пржино со голем транспарент „Нема правда, нема мир“.

По вчерашната посета на Нуланд, нови насоки, предлози и решенија за излез од политичката криза ќе се бараат во резиденцијата на Аиво Орав. Токму таму по маратонската средба на 2 јуни „падна“ и првиот договор за нови избори во април. Можноста за предвремени избори неодамна ја отфрли социјамократот Заев кој излезе од преговарачкиот процес со Груевски. Засега не се знае дали ваквите преговори ќе продолжат, во која форма и дали ќе бидат задржани сите точки од 2 јуни.

Исходот од лидерската средба доцна попладне по 18,30 часот се очекува да го објави самиот Хан, а во меѓувреме на разговорите треба да им се приклучат и Ховит, Вајгел и Кукан. 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе