Анима мунди

Монструмите што се изживуваат врз волкот веќе утре да лежат во затвор! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ до медиумите приложи соопштение и вознемирувачки видеоклип од штипско Карбинци, каде што локални насилници се изживуваат врз волк и при тоа еуфорично се забавуваат од стореното дело.

„На видеото што ви го приложуваме, а од кое на нормален човек му се превртуваат цревата, јасно се гледаат лицата на садистите, кои фатиле и врзале на хауба жив волк, кого потоа го маваат со боксови и се смеат, уживаат и снимаат се. Животното трепери од секој удар, немоќно е и едвај ги затвора очите. Умоболната багра не се задоволува, се изживува додека не му го извади последниот здив, му ставаат цигари во ноздрите, се сликаат покрај телото на прекрасното диво животно што умира“, соопштуваат од „Анима мунди“.

Истовремено, тие бараат овие снимки „да бидат снимки од монструми што веќе утре ќе лежат во затвор, кои брзо ќе ги стигне правдата за убиениот волк“.

„Ве информираме дека во моментов вршиме пријава до надлежните органи - Агенција за храна и ветеринарство, Министерство за внатрешни работи, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и очекуваме најстрога казна за силеџиите, кои не заслужуваат да шетаат слободни меѓу нормален свет, кои се агресивни, кои се закана по сите. Ништо помалку од затвор нема да биде доволно за оваа грозотија, ги сакаме зад решетки што поскоро. Затворска казна, зошто колективното згрозување и презир овие кукавици од овој миг ќе го добијат веднаш од нас граѓаните“, стои во соопштението на „Анима Мунди“, како заклучок од видеото објавено на Јутјуб на 2 август, кое подоцна беше избришано од сервисот.

Видеото со измачувањето на волкот го објави и порталот Мотика:

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе