РЕАКЦИЈА НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

МНР на Русија: Лавров никогаш не зборувал за поделба на Македонија, ЕУ и САД го подриваат суверенитетот на земјата

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека во написот на македонската редакција на „Дојче веле“ се прави обид на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да му се припише некаква идеја за поделба на Македонија, што претставува чиста провокација чија цел е да ги подгрее тензиите во земјата.

„Лавров никогаш не дал таква изјава. Напротив, тој секогаш ги осудувал ваквите и слични на овие наводи“. Министерството соопштува дека идејата за поделба на Македонија е на американскиот конгресмен Дејна Рорабакер, истакнат албански лобист.

„Очигледно е дека оваа измислица е направена со цел да провоцира, да се извалка имиџот на Русија на Балканот, но и да ги подгреат тензиите во Македонија. Администрацијата на САД и ЕУ, со користење на деструктивните методи како „шарените револуции“ и со обидите да се воспостави власт која не е во склад со јавното мислење искажана на изборите на 11 декември 2016 година, претставува директно мешање во внатрешните прашања на Македонија.

Уверени сме дека ваквите потези  водат кон подривање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија“, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Претходно, на овој напис реагираше и Амбасадата на Руската федерација во Македонија.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе