ЛДП: Граѓаните од поплавените подрачја не смеат да бидат заборавени и без поддршка

Граѓаните од Скопје и околината кои настрадаа во ланските поплави не треба да бидат заборавени ниту од институциите, ниту од хуманите граѓани. За жал, дури и по девет месеци од водената стихија, добар дел од нив се оставени сами да се снаоѓаат и да си ги решаваат проблемите и последиците од уништените домови, соопшти ЛДП.

Членови на Градската организација на ЛДП, како што се наведува во соопштението, по повод велигденските празници посетиле семејства зафатени од поплавите од селото Стајковци, со цел „да ги потсетат надлежните институции, кои се сѐ уште раководени од техничката влада, дека имаат законска и морална обврска за помош во овие подрачја и засегнатите граѓани не смеат да бидат оставени без поддршка“.

„ЛДП им додели мала помош на дел од семејствата кои беа зафатени со поплавите, со пријателска и искрена надеж за подобрување на условите за живот. Ние знаеме дека на овие наши сограѓани им е потребна помош и поддршка за да го вратат својот живот на нормалниот колосек. Затоа хуманоста мора да се изразува секојдневно“, се вели во соопштението.

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе

Политичките кризи, регионалните тензии и влошувањето на демократијата покажуваат дека постои зголемен ризик од конфликт и нестабилност на Балканот.

повеќе

Колумната е објавена на 25 септември 2010 година во весникот „Време“.

повеќе