ИЗБОРИ ДЕКЕМВРИ 2016

Груевски за Заев: Да беше жив Делчев, ќе му беше пратен Ќосето да ја заврши приказната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕНикола Груевски говорејќи на митингот во Делчево, потсети на обраќањето на Зоран Заев на митингот на СДСМ пред неколку дена во истиот град, кога Заев се повика на Гоце Делчев.

„И тој дојде овде во Делчево и зборува, да станел Гоце Делчев, што ќе кажел за нас како Влада, која што изгради толку многу работи, која што привлече толку многу инвеститори, која даде толку многу енергија, сила, помош на земјоделците во Македонија и редица други работи. Тој најде да го цитира Делчев. Јас ќе му кажам. Да беше Делчев денеска жив, тој немаше да може со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек“, му порачал Груевски на Заев, како што објави „Република“.

Груевски пред жителите на Делчево рече дека Заев се потпира на албанската дијаспора, односно дека Заев „се обврзал дека ако тие му помогнат да дојде на власт тој ќе им помогне да си ги реализираат проектите за двојазичност на цела територија, промена на Устав, рушење на рамките на Охридскиот договор, кантонизација и така натаму“.

„„Сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе се е јасно, народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев кое предвидува промена на уставноста, јазикот, федерализација и кантонизација на државата,“ изјави Груевски и додаде дека, „секој кој сака да гласа за СДСМ нека се потсети како владееле и каков бил животот во тоа време“.

Тој повтори дека гаранција за мирна држава се освоени 63 пратенички места, бидејќи, ДУИ и ДПА ќе сакале да го предложат следниот премиер на Владата на Македонија.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе