ПРОСЛАВА ПРЕД ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

Груевски: Треба што побрзо да формираме влада, ќе се фокусираме и да го намалиме јазот меѓу граѓаните

Оваа победа е заедничка победа на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и на сите граѓани на Македонија. Без вас немаше да победиме . Иако се почека подолго да ги чуеме конечните резултати, сепак еве доцна навечер, ДИК ги објави резултатите со невообичаено доцнење, изјави синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред штабот на партијата каде нивни членови и симпатизери ја прославуваа победата на изборите.

„На  крај најдоа сили да ги објават конечните резултати со кои се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја однесе 10-та победа и поддршка од мнозинството граѓани на Македонија“, рече Груевски.

Тој рече дека сака брзо да се формира новата влада.

„Веднаш ќе пристапиме кон преговори за формирање на влада и конечно да заврши кризата. На народот му е преку глава од кризата. Да се вратиме на економијата, отворање на нови работни места, проекти со кои ќе се решаваат сите проблеми на граѓаните. Ќе бидеме фокусирани да се намали јазот помеѓу граѓаните. СДСМ во желба да нѐ победи, внесе многу гнев и јаз помеѓу македонскиот народ и граѓаните на Македонија и различните етнички заедници. Јас лично и новата влада ќе работиме на намалување на тој  јаз и  заедно сите граѓани ќе ја градиме Македонија како земја со поголем стандард и држава која ќе се движи кон Европската Унија. Благодарност, без вас ова немаше да биде можно“, рече Груевски пред насобраните граѓани.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе