ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

Фактор плус Адриа: ВМРО-ДПМНЕ со 4 отсто предност пред СДСМ, на трето место е Коалицијата за промени и правда

Коалицијата За подобра Македонија на владејачката ВМРО-ДПМНЕ има предност од 4 отсто пред коалицијата предводена од СДСМ, покажува последната анкетата „Политички барометар – декември 2016“на агенцијата Фактор плус Адриа од Белград.

Истражувањето на јавното мислење во Македонија е спроведено телефонски на 1.200 испитаници кои беа прашувани од 28 ноември до 2 декември.

Од анктираните, 27,6 отсто одговориле дека на претстојните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 23,1 отсто од испитаните веќе се определиле за опозициската СДСМ. Според оваа анкета, на трето место е Коалицијата за промени и правда со 6,1 отсто доверба на гласачите, а коалицијата ВМРО за Македонија со 1,3 отсто.

Кај партиите на македонските Албанци води ДУИ со 6,2 отсто, ДПА со 4,4 отсто, а движењето БЕСА има поддршка од 1,0 отсто од испитаниците.

За „друга опција“ се определиле 5 отсто од испитаниците, а 25,3 отсто од испитаниците се неопределени (не знаат за кого ќе гласаат 9,3 отсто, нема да гласаат 8,6 проценти, а одбиле да одговорат 7,4 отсто).

Според Фактор плус Адриа, во октомври рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ беше 28,1 отсто, а на СДСМ 23,9 отсто.

Лани во декември,одговорни лица на оваа агенција за МКД.мк изјавија дека изтражувањата Политичкиот барометар за Македонија го финансираат од сопствени извори и ако постои интерес за подлабоки анализи, агенцијата овие податоци ги продава.

 

 

Како ќе реагираат Рама, Ахмети и Села ако некој на маса им стави македонска платформа?

повеќе

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе