РЕАКЦИЈА

Ермира Мехмети: Хулиганот Груби и урнатиот авторитет на Ахмети

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети упати тешки зборови против сопартиецот Артан Груби, нарекувајќи го „хулиган и потикнувач на конфликти" и како еден од виновниците за намалување на надлежностите и авторитетот на Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

Eрмира Мехмети

Ова не е првпат Мехмети да упатува критики за работата на нејзината партија ДУИ. Таа пред неколку емсеци најави дека ќе ја напушти партијата ако не види дека во ДУИ се почнати сериозни длабоки реформи.

Во последниот, денешен нејзин пост на Фексбук, Ермира Мехмети напиша дека членови на партијата веќе ја почнале кампањата против неа, обидувајќи се да ја замолчат и да ја дискредитираат.

Мистер Селфи - Артан Груби

„За жал нема ништо од реформите во ДУИ. Тоа е нормално кога корумпирани членови и губитници го уриваат и кредибилитетот на лидерот. За едно нешто немам никакви дилеми, а тоа е дека губењето на авторитетот на Ахмети и на партијата почна кога во структурите на ДУИ високо беше лансиран господинот Селфи, хулиганот кој може само да потикнува конфликти, без разлика дали е тоа на стадион или кога носи наметка на политичар“, напиша на Фејсбук Мехмети.

На Македонија ѝ е потребен поинаков пристап во стратегијата за меѓународни настапи и претставување на туристичката понуда на државата.

повеќе

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе