Демократски сојуз повикува на разум и деблокада на државата

Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување и деблокада на државата. Граѓаните на Македонија, според ДС, не можат и натаму да седат  со скрстени раце и да гледаат како државата се раслојува и распаѓа, а паралелно се вршат "подготовки" од самопрогласените патриоти за чистка од "предавниците".

„Сценаријата кои се кројат во главите на болни умови, треба јавно да се објават и жигосаат и сите заедно да спречиме братоубиствен расплет на нашата- македонска криза. Секој граѓанин има одговорност и обврска да ги афирмира, почитува и брани цивилизациските вредности, да ги респектира различностите и да ја чува сопствената држава.

Повеќе од јасно е дека само 67-те пратеници не можат да обезбедат мирен, демократски и уставен трансфер на власта, ниту пак тоа можат да го овозможат партиите кои се за промени и формирање на нова реформска Влада“, се вели во соопштението на ДС.

Од партијата сметаат дека е потребна граѓанска гласност и силна поддршка и затоа секој од нас треба да го каже својот став.

„Молкот и тишината се победа на криминалните структури, победа на тие што плукаат, ѕвечкаат со оружје под појасите и јавно се закануваат. Санкциите кои ги најавува меѓународната заедница за оние кои ги опструираат демократските промени, но и против државата, во крајна линија како казна и на граѓаните, ќе ги продлабочат разликите, а излезот ќе биде посложен, потежок и неизвесен. Затоа треба освестување и граѓанска реакција, кризата мораме ние да ја решиме и тоа веднаш“, додава ДС.

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе