Данев: Мнозинството Македонци гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и не смеат да бидат изманипулирани

Мнозинството Македонци гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и нивниот глас не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност, изјави денеска Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал, фатен како бара пари во случајот „Поткуп“, фатен во случајот „Пуч“, замешан во криминалот со „Цареви кули“ и замешан со сериозни изборни криминали со цел лажирање на изборите. Заев е свесен за последиците и затоа прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање влада по нотите од Тирана“, рече Данев.

Според него, Заев е соочен со своите и со криминалите на своите соработници и одработува туѓи агенди на штета на Македонија.

„Последиците по однос на државата од реализирање на тиранската платформа ќе бидат несогледливи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно да поддржи малцинска влада на СДСМ и да гласа сѐ од програмата на СДСМ, само СДСМ да се откаже од платформата“, додаде Данев.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе