БЕСА бара уставни измени за правата на Албанците ако се гласа за договорот со Грција

Движењето Беса анализирајќи ја актуелната политичка ситуација во земјата и епилогот од референдумот оценува дека политичката одговорност за високите државни интереси и припаѓа на сегашниот парламентарен состав да им дава можност на отворање на уставните промени.

Од партијата Беса сметаат дека е историски момент ако се отвори прашањето за уставните промени. Ако во собранието се гласаат уставните амандмани за договорот со Грција, Движењето Беса најавува дека ќе бара поголеми права за Албанците.

„Движењето Беса ќе даде конкретни и концизни предлози во врска со унапредувањето на уставните права на Албанците во Македонија како втора по големина етничка заедница во земјата. Во духот на овие барања кои се во интерес на Албанците во Македонија, Движењето Беса апелира до сите албански политички партии дека преку политичкиот дијалог и обврските што произлегуваат од заедничката маса на албанските парламентарни партии да ги координираат прашањата од национален интерес на Албанците“, се вели во соопштението од Беса.

Од таму додаваат дека по информациите во јавноста дека Македонија може да влезе во предвремени парламентарни избори, Беса категорично ја отфрлува можноста за предизборна коалиција со СДСМ,

„Секоја коалиција на СДСМ со било која албанска партија без да ги заокружува уставните права на Албанците како еднакви граѓани во Македонија, би биле штетни за интересите на Албанците. Движењето Беса како опозициска партија е отворено за соработка со сите албански политички сили, невладини организации, како и со групи на интелектуалци кои имаат приоритет максимализирање на албанскиот глас како единствена можност за квалитетна и достоинствена политичка застапеност на Албанците во Македонија“, велат од Беса.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе