Анкета на ТВ Телма: СДСМ станува најпопуларна партија меѓу Албанците

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија станува најпопуларната партија меѓу Албанците, покажуваат резултатите од последната анкета на ТВ Телма. 

На прашањето „доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале“, 20,4 отсто од анкетираните Албанци во Македонија, одговориле дека би гласале за СДСМ. За ДУИ би гласале 14 отсто, за БЕСА 15%, за ДПА 10% и за Алијансата за Албанците 6 проценти од албанските гласачи, покажуваат резултатите од анкетата на ТВ Телма и МЦМС.

Оваа телефонска анкета е спроведена од М Проект, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници од 4 до 10 февруари.

Се проценува дека на предвремените парламентарни избори одржани лани на 11 декември, СДСМ освои околу 60.000 гласа од албанското гласачко тело во Македонија. 

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе