КЛИК ПЛУС НА ТВ 21

Aхмети: Прво преговори со победничката партија, а можни се дури и нови избори (ВИДЕО)

Логично е ДУИ да ги отвори преговорите за формирање нова влада со победничката партија на последните предвремени парламентарни избори, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ во интервјуто за емисијата Клик плус на ТВ21.

Ахмети вели дека сите опции се отворени, па дури и одење во опозиција или нови избори, но одлуката за тоа мора да се разгледа 99 пати, па дури потоа да се пресече. Тој се задржа и на принципот на коалицирање на партиите победници во своиоте етникуми. „Треба да се разбере дека и на ВМРО-ДПМНЕ не му било лесно да коалицира со ДУИ во 2008 година имајќи во предвид дека само неколку години претходно тие беа „терористи“. Преговори со победничка партија се логичен след, имајќи предвид дека коалиција со СДСМ не би произведувала сигурност во државата, иако освоила 49 пратеници. Кој би ја гарантирал безбедноста во државата кога партија која не е победник на изборите би формирала влада. ВМРО-ДПМНЕ е политичка сила која има поголем капацитет од СДСМ, и има речиси 100% македонски гласачи“, рече Ахмети.

Тој зборуваше и за можноста дека и македонските партии би можеле да направат платформа слична на платформата на партиите на Албанците во Македонија, по што нивните партии би останале без иднина. Ахмети вели дека нивната платформа не е услов за преговори, туку документ кој треба да го спроведува која било партија од потписничките и дека треба меѓусебно да се поддржуваат по однос на овие точки. Лидерот на ДУИ смета дека без прифаќање на платформата на трите партии на Албанците во Македонија, подобро е да има нови избори оти инаку тешко дека е можно да се формира влада.

„Кога пред две години зборував дека Украина не е толку далеку од Македонија, луѓето си играа мајтап со него, но подоцна се потврди дека некоја политичка сила во државава сака да направи судир меѓу етничките заедници. Нема да ми биде партнер тој што ќе поттикне војна меѓу заедниците“, вели Ахмети.

И покрај инсистирањата на новинарот-водител Ахмети да каже дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ДУИ избегнуваше да каже нешто против довчерашните коалициски партнери. 

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе