Ахмети до САД и ЕУ: Локалната власт и екстерното, први чекори на новото мнозинство

Првите чекори што ќе ги преземе новото парламентарно мнозинство се решавањето на застојот во локалната власт и укинувањето на екстерното тестирање, информирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со американскиот заменик-амбасадор, Микаела Швајцер Блум и евроамбасадорот Самуел Жбогар во амбасадата на САД.

„Ахмети со соговорниците разговараше околу формирањето на новата реформска влада и го повтори ставот дека ДУИ целосно е посветена на спроведувањето на бараните реформи од страна на меѓународната заедница, интеграцијата во НАТО и во ЕУ, добрите меѓуетнички односи, но и економскиот развој и отварањето на нови работни места“, соопшти ДУИ.

Ахмети исто така истакнал дека 16 години од неговите активности во рамките на ДУИ, никогаш немало разочарување во пријателските и добронамерните ставови на меѓународната заедница, затоа и побарал помош од страна на САД и ЕУ за да ги надминеме предизвиците пред нас и да помогнат за побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ. 

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе