Партии

Додека Централното претседателство на ДУИ со часови дебатира во Мала Речица, во палатата на ВМРО-ДПМНЕ  заседава Извршниот комитет на партијата, а утре ќе седнат на маса и Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, кој засега го чека исходот од разговорите во Мала Речица. 

24 Февруари 2017 - 20:31

Во Охрид, Струга и Вевчани за вечерва од 19 часот се најавени масовни народни собири на членовите на партијата, пренесува Охрид прес.

24 Февруари 2017 - 19:37

Движењето Беса реагира на вчерашната изјава на МПЦ во врска со актуелната политичка криза со оценка дека таа предизвикала напнатост и ја зголемила недовербата на граѓаните во државата и оти повеќе пати го прекршила правилото на секуларноста на државата, кое им забранува на верските заедници да се вмешаат во внатрешните работи на државата.

24 Февруари 2017 - 19:17

Од општинската организација на СДСМ Прилеп информираат дека денеска, во раните утрински часови, бил демолиран локалниот штаб во населбата Варош.

24 Февруари 2017 - 13:39

Британскиот министер за Европа и за Америка, Алан Данкан на денешната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети изразил поддшка од Велика Британија за една стабилна и напредна Македонија и истакнал дека решавањето на ситуацијата се наоѓа во рацете на локалните политички партии.

24 Февруари 2017 - 12:05

„Очекуваме полицијата да го расветли инцидентот во село Драчево, во којшто е мавано со камења кон штаб на СДСМ", соопштија денеска од СДСМ.

24 Февруари 2017 - 11:57

Намерно или не, ве дезинформирале околу поврзаноста на движењето СОС и ВМРО-ДПМНЕ. Ве охрабруваме сите забелешки и сугестии, како и одговори на вашите прашања, да ги упатите и побарате на соодветна адреса. Сигурно ќе дознаете се што ве интересира. Впрочем, движењето СОС изнесе многу интересни податоци за партиско-политичкото узурпирање на граѓанскиот сектор од СДСМ/Сорос, реагира ВМРО-ДПМНЕ на писмото на европратениците Елмар Брок и Андреј Ковачев од Европската народна партија против „алармантните акции на организацијата Стоп операција Сорос кон Младите европски федералисти (ЏЕФ) во Македонија.

24 Февруари 2017 - 11:48

„Либерално Демократската партија преку пратениците во сообранието на РМ ќе достави предлог до новата влада на за носење на ново законско решение за легализација на канабисот за медицинска употреба и декриминализација за лична употреба", соопштија денеска од ЛДП.

24 Февруари 2017 - 11:17

На денешната седница на централното претседателство на ДУИ ќе ја разгледуваме и опцијата ДУИ да остане во опозиција, потврди за МКД.мк порталот на ДУИ Бујар Османи.

24 Февруари 2017 - 11:04

СДСМ нема легитимитет да договара промена на банкнотите и монетите и нивна замена со нови, испишани двојазично, односно и на албански јазик, вели партијата ТМРО во соопштение за медиумите.

24 Февруари 2017 - 10:02

На вечерашната емисија „Патот кон“ на ТВ Алсат-М, портпаролот на ДУИ Бујар Османи прашан дали албанскиот јазик ќе биде применет и на банкнотите и на монетите, тој рече дека во член 8 од новиот закон било предвидено и тоа.

23 Февруари 2017 - 23:38

Се отвораат светли перспективи за Република Македонија и за граѓаните, со демократските промени што се случуваат и носат нова демократска влада, рече  заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на средбата со државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Алан Данкан, придружуван од британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.

23 Февруари 2017 - 22:22

Актуелните политички случувања во Македонија и чекорите што би се преземале во иднина беа тема на денешната средба на претседателот на ВМРО-­ДПМНЕ Никола Груевски со британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, и амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет. Од ВМРО­-ДПМНЕ истакнале оти во Македонија има политичка криза што требаше да се реши со избори, на кои ВМРО-­ДПМНЕ победи со 51 пратеник, а опонентот СДСМ имаше 49 пратеници. 

23 Февруари 2017 - 22:03

Лагите на Никола Груевски се прочитани. Нема федерализации, кантонизации, редефинирања. Има само очајни обиди за спас од одговорност на власта во заминување, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

23 Февруари 2017 - 16:23

Ние не даваме мандати на никого туку разговараме за да постигнеме договор за меѓусебна поддршка за заедничко владеење со која било партија, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

23 Февруари 2017 - 13:54

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе