ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ СО ПОРТАЛИТЕ НА СУДОВИТЕ

Падна сајтот на Кривичен, судиите одлучуваат за "Титаник"

Сајтот на Основниот суд Скопје 1 денес некое време не е во функција. Технички проблеми на кратко имало и вчера. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека за сајтовите на судовите се надлежни од Врховниот суд на Република Македонија и не препратија одговор да побараме кај нив. Од Врховен  велат дека знаат за проблемот и дека се работи на негово отстранување, а како причина за паднатиот сајт на Кривичен го посочија прекинот на интернет мрежата. 

“Можам да ве информирам дека веќе се работи на отстранување на проблемот. Нашата официјална информација е дека е до интернет мрежата во судот. Веб страниците на судовите се поврзани и доколку не работи нашата интернет страница и ние од Врховниот суд не можеме да ставаме соопштенија, тогаш нема да можат и од Основниот суд Скопје 1. Од инфорамтичкиот центар на судот ме известија дека работат на проблемот”, ни рече во телефонски разговор Маја Димитровска, портпаролка на Врховниот суд.

Основниот суд Скопје 1 денес треба да донесе одлука за “Титаник”, а потоа таа треба да се објави на официјалната веб трана на судот. Кривичниот суд до вчера одби 13 барања за притвор од вкупно 18 што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. За останатите пет барања за определување мерка притвор, во случајот „Титаник“, меѓу кои и за врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска Судот најави дека одлуката ќе ја соопшти денеска.

Интернет мрежата во Основниот суд Скопје 1 не е во прекин. Од таму велат дека доколку има одлука за "Титаник", а сајтот не функционира, таа ќе биде соопштена преку МИА , а ќе биде испратена и на меил адресите на новинарите.

                                                                                                               К.Д. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе