ЕКОЛОЗИТЕ ВО АКЦИЈА

Општините од југоисточна Македонија со референдуми против отворање нови рудници

Оваа борба е над сите политики, велат жителите на општините Гевгелија, Кавадарци и Валандово. Утре гевгеличани ќе гласаат на референдум за или против отворање на рудник за злато на Кожуф. За вакво референдумско изјаснување се подготвуваат и општините Валандово и Кавадарци.

Во југоситочниот дел на земјата власта издаде неколку дозволи за геолошки истражувања за можно отворање на рудници за бакар и злато. Геолозите велат дека на тој потег, од Гевгелија, Валандово, Радовиш па сѐ до Кумново постои жила која е богата со руда за бакар и злато.

Во Валандово е веќе издадена концесија за експлоатација и до крајот на годинава се очекува да почне експлоатацијата на земјиштето на рудникот Казандол за бакар на украинската компанија „Сардич“.

По референдумот во Гевгелија и кавадарчани се разбудија и најавуваат борба за зачувување на планината Кожуф, која во голем дел се протега и на територијата на нивната општина. Еколошките друштва на општината сметаат дека за рудникот за злато треба да одлучуваат и граѓаните на Кавадарци, а не само Гевгелија. Главното снабдување со вода за Кавадарци доаѓа од водите од Кожуф.

Сите се согласни дека отворање на рудник за злато во една недопрена природа каква што е на планината Кожуф, ќе значи катастрофа за нив и како земјоделски крај и како општини каде што туризмот допрва треба да се развива.

Еколозите предупредуваат дека отворање на еден таков рудник во овој дел на Македонија ќе значи загадување на воздугот со прашина од арсен, талиум и сулфурни киселини, загадување на водите, на почвата, а целиот овој регион живее главно од земјоделие. Двете општини имааат сериозни проекти за развој на руралниот туризам, т.н. манастирски туризам, планинарење, еко туризам, планински велосипедизам...

Koнцесиите за рудници на Кожуф и околината

Предлагаме да ни се даде концесија за експлоатација на лековитите билки и овошја, боровинки, малини, капини, на чистата планинска кожуфска вода, на безбројниот растителен и животински свет кој го има во изобилство, велат еколозите.

На територијата на Кавадарци издадена е концесија за испитување на земјиштето  во месноста Гладница за отворање на рудник за бакар.

Од општина Кавадарци се едногласни дека нивните планови за развој се насочени кон проширување на заштитените зони, кон заштита на шумите и водите и развој на туризмот.

Проблемот со концесиите за можно отворање на рудници во овој регион е начинот на експлоатацијата на земјиштето - отворен ископ и вадење на металите со постапка на лужење кое подразбира употреба на цијанид или сулфурна киселина. Тоа значи уништување на огромни шумски површини и потенцијална опасност за сериозно загадување на воздухот, водите и земјиштето.   

И во Валандово веќе има иницијатива која се вија „Спас за Валандово“, група граѓани кои ќе се обидат да ја зачуваат репутацијата на ова поднебје како еколошки заштитен крај од разни индустрии. Постоењето на рудникот Казандол не е само локален проблем, туку е регионален и национален проблем, велат од иницијативата „Спас за Валандово“.

Од компанијата „Сардич МЦ“ убедуваат дека технологијата која веќе се инсталира во Казандол е од производител во Финска и е една од најсовремените вакви опреми и гарантира висок степен на заштита на екосистемот. Експлоатацијата и во овој рудник ќе оди со постапката лужење, ама со употреба на сулфурната киселина, а не со цијанид како што е предвидено за рудникот на Кожуф.

Граѓанските активисти бараат жителите на Валандово детално да бидат запознаени со сите добиени лиценци и гаранции за заштита на животната средина, по што би се одело на референдум за или против ваков рудник на територијата на општината. И покрај се, тие велат дека нема дасе откажат од нивните активности за целосно стопирање на доизградбата и почнувањето со работа на рударскиот комплекс Казандол.

За властите отворањето на рудниците претставува огромна инвестиција и можност за намалување на невработеноста во земјата.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе