Почит за загинатите 11 лица

Одбележанa 12-годишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

„Вечна им слава“ на 11-те припадници на Армијата кои настадаа на 12 јануари 2008.

Со едноминутно молчење и со положување цвеќе на спомен-обележјето кај катлановско Блаце денеска им се оддаде почит на единаесетте припадници на Армијата кои пред дванаесет години трагично загинаа во хеликоптерската несреќа

Како што соопшти Министерството за одбрана, почит на загинатите, покрај членовите семејствата оддадоа делегации од Генералштабот, предводена од заменик на началникот на ГШ, генерал-мајор Азим Нуредин, Министерството за одбрана, предводена од заменик-министерот Беким Максути, од Општината Петровец предводена од градоначалникот Борче Митевски, Командата за операции, воздухопловниот Винг и првата пешадиска бригада.

Годишнината од хеликоптерската несреќа беше одбележана од страна на воздухопловниот Винг и семејствата на загинатите пред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур" во Петровец, а ќе се одбележи и во кампот Бутмир во Сараево, Босна и Херцеговина каде нашите мировници беа дел од мисијата „АЛТЕА".

Армискиот хеликоптер Ми-17 враќајќи се од мировната мисија „АЛТЕА" се урна на 12-ти јануари 2008 година кај катлановско Блаце, при што загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе