Обвинет во Диво Насеље: Не требаше да војуваме, требаше да држиме прес-конференција!

Денеска во сала на Врховниот суд продолжи судењето за судирот на полицијата со оружената група во Куманово во мај 2015 наречен „Диво Насеље". Во случајот се обвинети вкупно 37 луѓе, а денеска во судница сведочеше првообвинетиот Сами Укшини или познат како командант Соколи.

Според сведочењето на правообвинетиот , Сами Укшини.причините поради која кумановската вооружена група дошла во Македонија и во Диво насеље од 9 и 10 мај 2015 година биле политичките проблеми на Албанците и неимплементирањето на Охридскиот рамковен договор.

На прашање на Обвинителството, како групата планирала да помогне во имплементирањето на договорот, Укшини рече дека како што му било кажано од водачите на групата, Мирсад Ндрецај и Бег Ризај (убиени за време на настаните во Диво насеље) намерата била, да ги повикаат новинарите, односно да свикаат прес-конференција, на која јавно ќе кажат дека ако не се реализира Рамковниот договор работите во Македонија ќе се вратат во 2001 година.А зошто не ја свикале прес-конференцијата, Укшини рече дека тоа зависело од Ризај и Ндрецај како организатори на групата, пренесе Мета.

Според неговиот исказ, групата во Македонија од Косово илегално влегла, ноќта меѓу 1 и 2 мај 2015 година и се засолниле во напуштена куќа во село Белановце, Оттаму, стигнале до липковските села, каде што со комбе биле префрлени во кумановската населба. На патот до Куманово, групата добила оружје и маскирани униформи со ознаки на ОВК. Биле сместени во куќите, со обезбедени храна и вода.

Во Куманово, односно во населбата Диво насеље дошле на 3ти мај, каде што Ризај и Ндрецај му рекле дека ќе останат до 19 мај, но, како што рече Укшини, не му кажале зошто. Тој рече дека Ндрецај и Ризај делувале многу сигурни во она што го прават и не ги послушале неговите совети дека треба да се движат, а не да останат во Куманово, бидејќи се изложуваат на опасност. 9-ти мај изутрината полицијата ги опколила, и како што тврдеше, почнала да стрела кон нивните позиции.

Тој пред судот рече да бил тој организатор на групата, работите можело да излезат на полошо или на подобро. Прашан што значи на полошо, тој одговори дека во случај кога 900 полицијаци напаѓаат група од 32 лица, тој да бил командант во Диво насеље бројот на загинати немало да биде 18 туку 200 луѓе.

На прашањето дали групата имале поддршка од некои политички партии во Македонија, тој рече дека не знае, бидејќи не бил организатор на групата. Нагласи дека не се чувствува виновен и дека за акцијата во Куманово не добил пари.

Укшини бил дел од групата што и се предала на полицијата, откако претходно Шефкет Калачи, како што вели, добил телефонска потврда од претставник на ОБСЕ дека по предавањето, нема да бидат малтретирани.

Тој изјави дека осумтемина убиени препадници на МВР, не ги убиле тој или некој од групата туку дека во нив е пукле нивните колеги-полицајци со тешко оружје. Единственото оружје кое го имал бил Калашников, АК – 47, а според него полицијата имала цел да ја ликвидира целата група, а не да ги приведат. Тој ја обвини Владата за местење на случајот, но не спомна конкретни имиња. И адвокатката на Укшини, Артене Исини, вели дека овој случај е политичко сценарио и дека треба да се обелодени вистината.

На следното судско рочиште, кое е одредено за 23 февруари, се очекува на клупата за сведоци да седне и другиот обвинет, Мухамед Красниќи, познат како Командант Малишева.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе