Образование и здравство

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

14 Октомври 2021 - 12:07

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на ковид-19: Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1.

13 Октомври 2021 - 18:41

Економски раст за регионот на Западен Балкан, но и на секоја држава одделно не е возможен со забрзан чекор без дигитална трансформација, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска, која денеска учествува на Дигиталниот самит за Западен Балкан во Подгорица. 

13 Октомври 2021 - 14:56

Моделот за скринингот на учениците од основните и средните училишта е готов и утре Министерството за здравство заедно со Министерството за образование ќе почнат да бараат дозволи од родителите. За две недели, пак, ќе се воведе и нова мерка против коронавирусот, наменета за влез во затворени простории како што се угостителските објекти, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

13 Октомври 2021 - 11:53

Бројот на активните ковид-случаи во државава изнесува 6.658 и бележи пад за околу 4.000 споредено со претходната недела. Повеќе од половина од вкупниот број се во главниот град, 3.391, по што следи Куманово со над 500, додека Демир Капија со три и Дојран со еден се со најмалку активни случаи. За поефикасно справување со пандемијата и во текот на вчерашниот ден беа упатени повици да се забрза темпото за имунизација со стимулативни мерки, граѓаните навреме да одат на лекар и да не се лекуваат на своја рака.

13 Октомври 2021 - 07:50

На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во петокот, 8 октомври, првпат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз 23-годишна трудница, која претходно имала три големи хируршки абдоменални операции заради повреди на внатрешни органи.

12 Октомври 2021 - 21:39

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19: Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар – 1. 

12 Октомври 2021 - 16:42

Вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари или 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот, покажува најновиот бриф на „Фајненс Тинк“.

12 Октомври 2021 - 13:45

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелираат до граѓаните што се позитивни на ковид-19 да не прифаќаат лекување во домашни услови ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

12 Октомври 2021 - 13:25

Директорката на Инфективната болница д-р Милена Стевановиќ предупредува дека особено во четвртиот бран пациентите масовно се лекуваат во домашни услови и тоа им ја усложува работата на лекарите.

12 Октомври 2021 - 11:45

Во текот на вчерашниот ден направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19. Починати се 15 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 165 лица. Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.

12 Октомври 2021 - 07:47

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи со ковид-19, починати се 15 лица, а оздравени се 165 пациенти.

11 Октомври 2021 - 14:29

Во текот на вчерашниот ден направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани се десет починати лица, сите во болнички услови. Оздравеле 240 пациенти.

11 Октомври 2021 - 08:16

Денеска се регистрирани 316 нови лабораториски позитивни случаи на ковид-19 со што вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 194.891 Оздравени се 240 пациенти, во изминативе 24 часа починале 10 пациенти со ковид-19.

10 Октомври 2021 - 14:45

Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

10 Октомври 2021 - 13:23

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе