Образование и здравство

Министерството за здравство ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против ковид-19 и веќе стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, па за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

21 Октомври 2021 - 12:21

И вчерашниот ден е потврда дека е мал интересот меѓу населението за имунизација против ковид-19 и дека антиваксерството има успех. Вчера прва доза вакцина на вакциналните пунктови дошле да примат само 565 граѓани, но затоа двојно повеќе лица од веќе имунизираните со две дози, вчера се вакцинирале со трета, засилувачка доза на вакцината. Тоа е доказ дека вакцинираните не се откажуваат со помош на медицината да се справат со заразната болест. Само 35 отсто од вкупното население е вакцинирано со две дози, што е далеку од потребниот процент за колективен имунитет.

21 Октомври 2021 - 10:28

Во последните 24 часа како последица од компликации од ковид-19 починале 15 пациенти, а дополнително се запишани уште пет смртни случаи кои биткат со болеста ја загубиле во периодот од 23 септември до 12 октомври. Починатите се на возраст од 33 до 89 години. Од направени 3.491 тестирања позитивни на вирусот се 487 лица во последните 24 часа.

20 Октомври 2021 - 15:09

Шеесет и осум ученици од предвидените 69 ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку" во Скопје се негативни на ковид-19, покажаа резултатите од скринингот кој денеска се спроведе во тоа училиште. Скрининг денеска се спроведе и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов".

20 Октомври 2021 - 14:15

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со евроамбасадорот дејвид Гир кој му го предаде извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија за 2021 година.

20 Октомври 2021 - 12:48

Превртена училница, Оценување за време на хибридна настава, Креирање интерактивни ресурси за хибридна и асинхрона настава, Како да се воведат Целите за одржлив развој во наставата, Интердисциплинарен пристап во наставата за климатските промени, Дизајнерско размислување како наставен метод за ученици од основно и предучилишно образование, Креативно учење преку игра, Превенција на осипување на ученици, Мултидисциплинарна интеграција и Градење училипна клима и култура, се десетте нови теми што ги најавува вториот серијал на ЕДУИНО-вебинари 2021.

20 Октомври 2021 - 12:25

Во вакциналните пунктови во државата вчера биле аплицирани вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 се аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина.

20 Октомври 2021 - 12:09

Денеска ќе почне скринингот на учениците за ковид-19 во девет средни училишта во Скопје. Ќе се тестираат 258 средношколци. Досега се ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани. Вакцинираните со „Синовак“ и „Синофарм“ трета доза може да примаат три месеци по ревакцинацијата, одлучи вчера Националниот комитет за имунизација. Од 8 до 14 октомври од ковид-19 починале 105 лица, од кои 79 не биле вакцинирани, информира вчера Министерството за здравство.

20 Октомври 2021 - 07:54

Модуларната болница пред Клиниката за инфективни болести е затворена. Од клиниката објаснуваат дека објектот е затворен превентивно, бидејќи забележале капки вода, кои во ниту еден момент не биле во допир со електричната инсталација. 

19 Октомври 2021 - 22:20

Во текот на изминатите 24 часа направени се 3.431 тестирање и регистрирани се 472 нови случаи на ковид-19, 498 оздравени пациенти и 8 починати. Дополнително се пријавени уште 6 починати лица, во периодот од 18 септември до 12 октомври. 

19 Октомври 2021 - 18:43

Во периодот од 8 до 14 октомври во земјава од ковид-19 починале 26 лица кои биле вакцинирани, велат од Министерството за здравство и информираат каков тип на вакцина имале примено овие лица. „Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астразенека, четири починати пациенти со ковид-19 примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм“, велат од министерството. Во овој период вкупно починале 105 лица, а само еден од починатите немал хронично заболување, но имал 80 години.

19 Октомври 2021 - 15:05

Утре ќе започне скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

19 Октомври 2021 - 13:02

Вкупно 799.762 граѓани се вакцинирани заклучно со вчерашниот ден, а од нив ревакцинирани се 763.031, додека трета доза примиле 1.197 граѓани, информира Министерството за здравство.

19 Октомври 2021 - 12:01

Инситутот за јавно здравје соопшти дека за 24 часа како последица од компликации од ковид-19 починале 19 лица, но и дека со постар датум на смрт се запишани уште 5 лица кои не ја добиле битката со вирусот. Регистрирани ce 107 нови лабораториски позитивни случаи на заразната болест., а како оздравени се запишани 247 пациенти.  Досега во Македонија се регистрирани близу 200 илјади потврдени случаи на ковид-19.

18 Октомври 2021 - 17:28

Според податоците на Министерството за здравство, во петокот и во саботата само 884 лица дошле на вакциналните пунктови за да примат прва доза вакцина. Во овие два дена ревакцинирани се 2.257 лица, додека пак, трета доза вакцина примиле 109 граѓани. Само 35 отсто од вкупното население е имунизирано против ковид-19 со две дози вакцина.

18 Октомври 2021 - 16:06

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе