РЕАКЦИЈА

МОН: ВМРО-ДПМНЕ остави огромни долгови во студентските и ученичките домови

И од Министерството за образование и наука реагираат на прес-конференцијата на Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека МОН го послуша гласот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на студентите околу немањето потреба од распишување на конкурс за дисперзирани студии на овој Универзитет. 

“Ние уште на самиот почеток најавивме враќање на автономијата на Универзитетот, а донесувањето одлука за укинување на дисперзираните студии е резултат на укажувањата кои стигнаа до нас од страна на Универзитетот за непостоењето на интерес од страна на студентите за овие студии во изминатите неколку години. Постојат јасни согледувања за неможноста да се обезбеди ист квалитет на студии надвор од матичните Факултети. Јасно ни е дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејќи нивниот ефтин популизам е препознаен од сите, и од универзитетите и од студентите. Со нивната хистерична реакција во однос на укинувањето на дисперзираните студии на УКИМ, всушност се обидуваат да ја дефукусираат јавноста од вистинските проблеми кои тие ги оставија во образованието, огромните долгови во студентските и ученичките домови, во основните и средните училишта, штетните договори кои ги имаат склучувано за издавање на несоодветно преведени книги кои не можат да се користат заради лошиот превод и за сите сомителни зделки на коишто впрочем укажува и ревизорскиот извештај од 2015 година за Министерството за образование и наука. Пред ВМРО-ДПМНЕ да се фали со наводни “успеси” во опремување за лабаратории на државните високообразовни установи и јавни научни институции, нека го отвори ревизорскиот извештај и да одговори на наводите во него дека вкупната вредност на лабароториите “се разликува од вредноста во фактурите”. Исто така ВМРО-ДПМНЕ должи одговор каде е опремата за лабараториите која била набавена за Факултетот за безбедност, а која никогаш не стигнала до овој Факултет. Ова се само дел од примерите кој покажуваат колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за подобрување на образованието во нашата држава и нивното „законско работење“, се вели во реакцијата на МОН.

Универзитетот, студентите и пошироката јавност уште на самиот почеток ја гледаат искрената намера на Министерството за образование и наука за подобрување на условите во образованието и тие знаат дека престојат сериозни промени во образованието со нивно активно вклучување во овој процес.

 

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе