Жан Митрев: Срам да им е на сите кои ме обвинуваат за профитерство

Клиника „Жан Митрев“ ниту денар нема земено повеќе од пациентите за време на пандемијата, ни поради погрешна финансиска пресметка. И Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен, а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите, изјави денеска за медиумите д-р Жан Митрев.

Тој рече дека стотици странски државјани дојдоа за време на пандемијата и за нивното лекување платија реномирани меѓународни осигурителни компании од Англија, Германија, Италија, Швајцарија, а тоа е показател за ревносното финансиско работење на клиниката. Успешноста на лекувањето воопшто не било ниту тема за разговор, рече Митрев. 

„Во 2020 година на нашите пациенти им вративме над 2 милиони евра, во 2021 година вративме 3,2 милиони евра од аванси. За какво профитерство се зборува овде. Ако сме сакале нешто да направиме, зарем ќе им вратевме на пациентите 5,2 милиони евра во време на ковид. Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство“, нагласи д-р Жан Митрев.

 

 Во текот на лекувањето на пациентите ништо не е направено надвор од насоките и процедурите.

„Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смртноста која во време на ковид во клиниката е ниска. Според деталните болнички извештаи во клиниката биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале, со што стапката на успех во третманот на пациентите со компликации од ковид-19 е 74,6 отсто. Од пациентите кои се третирале од ковид-19 во клиниката, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

Бактериските инфекции во време на ковид беа поради имунодефицитна состојба на пациентите како последица на прекумерно користење антибиотици и кортикостероиди. Во „Жан Митрев“ клиника никој не криел интрахоспитални инфекции, во ковид пандемијата најголем број од инфекциите пациентите веќе ги имаа со себе и беа третирани соодветно.

Горд сум што успеав да воспоставам нови стандарди во приватниот здравствен сектор со подигнување на нивото на квалитет на услугите. Среќен сум што зад мене има тим на врвни професионалци кои секојдневно се борат за човечки животи. И навистина ми паѓа тешко кога некој нè обвинува дека сме заработувале на нечија туѓа несреќа. Ова се фактите и бројките што говорат за тоа како се одвиваше лекувањето и третманот на пациентите во клиниката. Со овие бројки располагаат и институциите и тие ќе ја докажат вистината“, изјави на денешната конференција за медиумите Жан Митрев.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе