Ќе работат пет институции поврзани со МЗ

Жан Митрев со хемофилтрација лекувал 560 пациенти, Сали најави анализа на секое досие

Министерот за здравство, Беким Сали, на денешната прес-конференција истакна дека пет институции поврзани со Министерството за здравство ќе го анализираат секое досие на ковид-пациентите кои со хемофилтрација биле лекувани во приватната клиника „Жан Митрев". Министерот вели дека се работи за 560 пациенти кои биле третирани со хемофилтрација и додава дека ќе треба време за анализа на тие 560 досиеја кои се обемни, затоа што има пациенти кои престојувале таму и по еден месец.

„Побаравме соработка на пет институции кои се поврзани со Министерството за здравство: ДСЗИ, Лекарска Комора, МАЛМЕД, Комисијата за интрахоспитални инфекции и Стручната комисија која ќе работи на анализа на секој поединечен случај за индикациите за примена на хемофилтрација во третирањето на ковид пациенти. Ние добивме материјали од „Жан Митрев“, беа соработливи и ни ги доставија сите побарани материјали. Се работи за 560 пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја кои се обемни, затоа што имаме пациенти кои престојувале таму и по еден месец. Целиот тој третман треба да се анализира од експерти, лекари кои цел живот тоа го работат. Тоа се групи формирани од четири клиники: Кардиохирурија, Инфективна клиника, Интензивна и Нефрологија. Ќе го анализираат секој поединечен случај и мора да напишат извештај на секој поединечен случај. 560 предмети, да бидеме реални, ќе ни одземат доволно време за на крај на јавноста да ѝ дадеме конечен прецизен извештај што се случувало. Меѓутоа, дозволете да ја работиме нашата работа затоа што сите ние сме дел од општеството. Не би сакал во ниту еден момент кој било да гледа еднострано“, нагласи Сали.

Според истражувањето на ИРЛ, приватната болница која имаше најмногу пациенти за време на ковид-19 пандемијата и во која лекувањето чинеше многу скапо, односно и до 12.000 евра, го применувала методот хемофилтрација (филтрирање на крвта) кој, практично бил клиничка студија.

Наспроти домашното законодавство, според ИРЛ клиничките студии не биле пријавени и одобрени од МАЛМЕД.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе