Зголемен интересот за вакцинација, вчера се вакцинирале речиси 19 илјади граѓани

Интересот за вакцинација значително е зголемен во последните денови и, според податоците од Министерството за здравство, вчера се вакцинирале вкупно 18.877 граѓани, од кои 12.049 примиле прва доза. 

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.   

Со последните бројки, барем со една доза вакцина се вакцинирани 68% од населението над 70 години, 65% од населението над 65 години, 61% од населението над 60 години и 51% од населението над 50 години.

Граѓаните без закажан термин и натаму се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови низ државата, а процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба. Сајтот vakcinacija.mk пак, е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.   

Од Министерството за здравство потсетуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата. 

 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе