Неделен извештај на ИЈЗ

Зголемен бројот на новозаразени и починати од ковид-19, помалку се хоспитализирани

Во периодот од 14 до 20 септември 2020г., тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, што е зголемување од 15.7% во однос на минатата недела, информира Министерството за здравство. 

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата што претставува зголемување од 34,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (261 или 27,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани - 154,3 на 100.000 жители. Во истиот период, во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.  

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 9.8% или 1.4 % повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (213, односно 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (176 или18,5%), 30-39 (173 или 18,2%), 40-49 (149 или15,7%) и 20-29 (147 или 15,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (37 или 3,9%) и 10-19 години (56 или 5,9%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (907, односно 95,4%), регистрирани се 80 (8,4%) хоспитализирани (намалување од 37,0% во споредба со минатата недела), а кај 268 (28,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи во периодот 14-20 септември, 313 (32,9%) имаат контакт со потврден случај, а регистрирани се 33 лица со историја на патување во последните 14 дена.

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 636 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во истиот период пријавени се 48 смртни случаи, 21 повеќе од минатата недела. Во однос на возраста, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите 42 лица биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 35 од починатите лица.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе