Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар.
„Пацинетите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот ковид-19“, се вели во одговорот.
Во однос на прашањето дали на Владата ќе ѝ бидат предложени нови рестриктивни мерки поради повторното ширење на болеста и поголемиот број на хоспитализирани лица, во одговорот се вели:
„Во моментов мерките кои се на сила даваат резултат. Во зависност од епидемиолошката состојба и врз основа на проценка од страна на стручните лица, можно е и понатамошно заострување на мерките со цел заштита од ширење на вирусот во државата“.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.
Претходно објавивме дека маж е хоспитализиран поради ковид-19 о Струга, а според првичните информации се вратил од патување во Занзибар, Африка.
„Има еден пациент кој ни дојде од Битола ненајавено. Во петокот слетал од Истанбул од Танзанија патувал, во Занзибар. Таму бил 15 дена со сопругата и два дена пред да дојде кренал температура. Дојде со висок креатинин и потврден на коронавирусот, без да ни кажат од битолската болница дека патувал во Африка, со што постои ризик. И вчера инсистиравме да се префрли во 8 Септември. Уште го немам вклучено на дијализа, стабилен е меѓутоа податоците отпосле се дека сопругата му била хоспитализирана во Скопје и заедно биле на пат. Сатурацијата му е добра", изјавил доктор Попоски.
П.Џ.