Забранета е посета во штипската Клиничка болница

Лекарите и медицинскиот пероснал на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница се подготвени во случај да имаат сомнителни случаи на заболени или лица кои биле во контакт со заразени од коронавирусот, а кои евентуално би се сместиле во изолацискиот центар на ова одделение.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека како една од превентивните мерки е и тоа што од денеска во болницата е забранета посета на пациентите на сите одделенија. Тој поднел и барање за добивање маски, заштитни наочари и скафандери за персоналот, а дополнителна набавка врши и болничката аптека.

– Задолжена е болничката аптека да обезбеди доволно количини на дезинфекциони средства за подови, површини, раце. Доволни количини на инфузиони раствори и лекови и се она што ние треба да го имаме како болница, вели Ѓеорѓијев.

Тој апелираше на социјалните мрежи да не се шири паника и да се креираат лажни вести во врска со корона вирусот, а граѓаните единствено треба да ги следат препораките на надлежните институции. Се уште не е прецизирано до крај како ќе тече постапката, но некои работи, посочи, ќе се решаваат во зависност од бројот на евентуално заболени. Според него, јасно е дека ако има поголем број пациенти тоа подразбира целосно затворање на инфективното одделение за останатите пациенти и посебно возило за транспорт до Инфективната Клиника во Скопје ако се утврди присуство на вирусот.

Медицинскиот персонал вчера попладнето имал и обука, а на  штипското Инфективно одделение во моментот работат тројца лекари инфектолози, но им помагаат и двајца општи лекари, додека за пациентите се грижат 11 медицински сестри.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе